Студентите се иднината на С. Македонија и тие мора да се вклучени во процесите кои што директно или индиректно ги засегаат. Затоа оваа влада им е сојузник и тоа досега во многу наврати се потврди. За студентскиот оброк, завчера се дојде до решение да продолжи да се користи по старите критериуми, се додека не се изнајде системство решение. Оваа Влада не е позната на укинување на студентските права и можности, туку контиунирано го унапредува студентскиот стандард преку интервентни мерки со кои се олеснува студентскиот живот и студирањето, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски како одговор на новинарско прашање за ставот на владата за студентските протести и кој е одговорот на барањето на студентите за подобри услови во домовите и подигнување на квалитетот на образованието.
Арсовски потенцира дека заложбата на Владата ќе продолжи и натаму.
-На сите прашања заради кои се повикува на нови протести, се работи и наскоро ќе има конкретни решенија, додаде Арсовски.