Професорката од Трстеник: „Се срамев од тоа што го доживеав, син ми беше бесен“

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Професорката по англиски јазик М.С. од Трстеник, која беше жртва на малтретирање на час, за „Нова.рс“ изјавила дека доживеала преголем стрес и дека по повеќе од една недела од настанот се уште не е целосно свесна што ѝ се случило.

„Сè уште сум уморна и преплашена. Ова беше премногу за мене. Иако сега знам многу повеќе детали од тој настан, верувајте дека не бев ни свесна што ми се случи на часот. Дури кога дојдов дома и мојот син ми го покажа видеото сфатив што ми се случило“, вели таа.

Како што раскажала, на убедување на нејзиниот син веднаш отишла во ургентниот центар на Здравствениот дом во Трстеник. Таа вели дека за среќа имала само полесни физички повреди, но психичките, како што рече, се далеку поболни.

„Отидов кај специјалист. Сите прегледи што можев ги направив во здравствената установа во Трстеник. За подетални прегледи ќе треба да одам во поголеми клиники“, вели М.С.

На прашањето зошто веднаш не го прекинала часот, не станала да оди да пријави што ѝ се случило, професорката вели дека чекала да заврши часот.

„Се срамев од она што го доживеав. Дојдов дома да видам во каква состојба сум. Да се приберам. Мојот син беше во училницата од спротива. Ни тој не знаеше. Но, набрзо го видел видеото и истрчал дома. Беше бесен“, навела професорката.

Во училницата имало само седум ученици во класот по англиски, бидејќи класот нема повеќе од единаесет ученици. Затоа изгледало како училницата да е празна.

Слични содржини