Македонската и бугарската страна да не дозволат споровите во наредниот период да станат уште поголема пречка, бидејќи тоа ќе влијае долгорочно и на нашите односи, но и на идните односи во Унијата и регионот, порача вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Маричиќ, кој зборуваше на панелот „Западен Балкан и проширувањето на ЕУ – одраз на руската агресија врз Украина” во рамки на „Балканскиот интегративен форум 2022″, изрази верување дека и бугарските политичари имаат извлечено поука од прашањето Северна Македонија.
Тој рече дека имаме добри сојузници во Бугарија, во сите политички партии, но за жал сè уште тензијата и антикампањата е голема, а врзана е, оцени, и за она што се случува во Украина.
-Сличните структури кои се против поддршката за Украина се и против Северна Македонија и преговорите со Европската Унија, напомена вицепремиерот.
– Ова е заедничка задача и од наша и од бугарска страна, да не дозволиме сите овие спорови во наредниот период да станат уште поголема препрека, бидејќи тоа дефинитивно ќе влијае долгорочно и на нашите односи, но и на идните односи во Унијата и регионот, посочи Маричиќ.