Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина во Брисел

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Три месеци по последната средба во Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се повторно на исто место, со истиот проблем на маса.

Фокусот на итниот состанок во Брисел ќе биде ставен на изнаоѓање излез од актуелната криза и избегнување на каква било понатамошна ескалација и тензии на теренот, со акцент на прашањето за регистарските таблички и враќањето на косовските Срби во косовските институции, соопшти Европската службата за надворешни работи (EEAS), пренесува агенцијата „Бета“.

Прашањето за пререгистрација на регистарските таблички за градовите во Косово, кои досега ги издаваше Србија, а кои властите во Приштина не ги признаваат и бараат да бидат заменети со косовски ознаки, со месеци е нерешлив проблем во преговорите со посредство на европскиот дипломат Мирослав Лајчак.

Слични содржини