ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Македонска Каменица, тврдат од СДСМ

од Nikola Popovski
216 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Македонска Каменица, СДСМ и храбри независни советници се ново мнозинствo, тврдат од СДСМ.

Според владеачката партија, разрешен е досегашниот претседател од ВМРО – ДПМНЕ Љупчо Трајановски.

-Со 7 гласа за и 4 против за претседателка на своетот е избрана Анета Стојчевска. Ова се случува само една година по локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство во повеќето општини во државата. Локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ една година не работат ништо, не ги реазлиризаат ветувањата дадени пред граѓаните, не ги продолжуваат проектите на претходните локални власти или некои од нив ги присвојуваат. Знаат само за партизација на локалните самоуправи и трошење на народните пари, истакнуваат од СДСМ.

Слични содржини