Скопјанец пријавил дека неговиот син бил нападнат во приватно училиште во Карпош во кое што посетувал настава, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
На 22.11.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(54) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во приватно училиште на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик.
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.