Славески не знае од каде ќе се најдат парите за исплата од Град Скопје кон приватните превозници

од Nikola Popovski
163 прегледи

Ние како советници немаме никаква информација од страна на службите и градоначалничката за она што се случува во ЈСП затоа што на некој начин тој е посредник во извршување на јавниот превоз кој што треба нели да ги плаќа услугите на приватните превозници, вели Трајко Славески претседавач на Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Тој додаде и дека Арсовска не ги известува советниците за ништо што се случува во ЈСП, сообраќајното претпријатие кое е во големи проблеми, откако приватните превозници, кои велат дека им должи огромни суми пари, се откажаа од вршењето јавен градски превоз.

Славески посочи дека советниците немале ниту информација за заостанатите три плати во ЈСП ниту пак за најавениот штрајк на вработените додавајќи дека тогаш се издвоиле 133 милиони денари од другите ставки на градскиот буџет и тоа како што рече тој тоа беше изнасилено решение со давање на задачи на градоначалникот се со цел да се реши ситуацијата.

-Исто немавме никаква информација неколку дена пред најавениот штрајк на ЈСП, па моравме две вонредни седници да одржиме и да донесеме некакво изнасилено решение со давање на задачи на градоначалникот да најде 133 милиони денари кои што советници ги изгласаа, рече тој.

Славески истакна дека не знае од каде ќе се најдат парите за исплата од Град Скопје кон приватните превозници, укажувајќи дека една од причините за ваквата состојба е лошото менаџирање на директорот на ЈСП, кој требало да ги подмири другите субјекти.

Слични содржини