Вучиќ: Очекувам браќата Македонци вечерва да навиваат за Србија против Бразил

од Nikola Popovski
419 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека очекува за српската фудбалска репрезентација која вечерва игра на Светското првенство во Катар против Бразил, да се навива и во Република Српска, Црна Гора, во Србија Косово, но и во Северна Македонија.

„Верувам дека браќата Македонци, во најголем дел низ Северна Македонија, ќе навиваат за Србија исто како што навивавме за нив претходно на Европското првенство“, рече Вучиќ.

Тој пред новинарите изјавил дека се слушнал со селекторот на Србија, Драган Стојковиќ и дека им посакал успех на фудбалерите.

Вучиќ им се заблагодарил на фудбалерите што „останаа без семејствата додека тренираат“ и се борат за својата земја.

Србија игра вечерва со Бразил во својот прв натпревар од групата Г. Дуелот е закажан за во 20 часот.

Слични содржини