Водечките светски медиуми повикаа на ослободување на Асанж

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Водечките медиуми од САД, Велика Британија и Европа денеска повикаа на прекин на судската постапка што се води во САД против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, со кој во минатото соработувале.

„Ова обвинение поставува опасен преседан и се заканува да го поткопа првиот амандман на САД и слободата на печатот“, велат уредниците и издавачите на „Гардијан“, „Њујорк Тајмс“, „Монд“, „Дер Шпигел“ и „Ел Паис“ во отворено писмо, пренесува „Ројтерс“.

Американските власти го обвинуваат Асанж по 18 точки, вклучително и шпионажа, објавување доверливи американски воени досиеја и дипломатски телеграми.

Слични содржини