Ковачевски на средба со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски денеска заедно со амбасадорката на САД Ангела Агелер оствариле средба со Брајан Нелсон, потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД.

На средбата главниот фокус на дискусија биле актуелните меѓународни случувања, борбата против перење пари, како и влијанијата од трети страни.

„Нашата борба е заедничка, глобална. Имаме силен партнерски пристап помеѓу сите демократски меѓународни партнери, насочена кон јакнење на отпорноста на нашето општество и целосно сузбивање на влијанието и обидите за дестабилизација“, сподели Ковачевски.

Слични содржини