ССМ: Амандманот на ССМ изгласан, преостанува да се потврди на Законодавно-правната комисија

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Вчера на Комисијата за финансирање и буџет со мнозинство гласови, се изгласа амандманот кој беше предложен од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), а поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за зголемување на платите на администрацијата за 15%.

„Сојузот на синдикатите на Македонија до сите пратеници достави предлог барање со предлог платите на сите вработени во јавен сектор да се зголемат за најмалку 15%. Половина од битката е добиена, сега преостанува амандманот да се потврди од уште една собраниска комисија, Законодавно-правната комисија“, соопштија од ССМ.

Апелираа до сите пратеници да се одважат и да добие зелено светло амандманот и од законодавно правната комисија и сите вработени во администрацијата да добијат 15% покачување на нивните плати.

Слични содржини