Одете во минатото, но оставете ја вратата отворена за да не заглавите таму, порача Господинов

од Vladimir Zorba
179 прегледи

„Одете во минатото, но оставете ја вратата отворена за да не заглавите таму“, порача писателот Георги Господинов на промоцијата на неговиот најнов роман „Засолниште во времето“ што во превод на Душко Крстевски го објави книгоиздателството „Или-Или“.

Дали деменцијата во нејзината најпрогресивна, и, истовремено, најтажна форма – Алцхајмеровата болест, може алегориски, како писателска досетка секако, да се аплицира на општеството? Какви се последиците ако општеството почне да заборава, и доколку почне да „заскитува“ во ходниците на времето и дали е доволно паметно и ќе се досети да не ги затвора вратите зад себе, за да не остане заглавено во минатото?

Ова се само дел од прашањата што се тема на неговиот најнов, „тотален“ роман, за кои една од промотерките на книгата Оливера Ќорверзировска вели дека Господинов го опишува „минатото како тиранин што тргнал да го освојува светот. Најдоброто засолниште, убежиште, уточиште, скривница од времето, е токму во времето, зашто кога минатото станува тиранин, тогаш сегашноста престанува да ни биде дом, а иднината запира, се поништува“.

И види чудо, на оваа „провокација“ и на Господинов и на Ќорвезировска, во време на крајно исполаризирани релации меѓу Бугарија и Северна Македонија, не рагираше никој во публиката во делот на промоцијата кога можеше да му се постават прашања на авторот на „Засолниште од времето“, а тој беше крајно љубопитен и ги очекуваше со отворено срце. Па дури и ја поттикнуваше публиката да прашува.

Но, никој од публиката не чувствуваше да постави прашање во тој – политички контекст, кој толку многу не обремени во овие две-три години. Можеби и овој текст е резултат на тој агол на гледање на нештата.

Сепак, никој не постави такво прашање, а сѐ ни беше јасно. Има други начини да се запознаваме со нашите соседи.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини