СДСМ: Мицкоски ги поттикнува блокадите на приватните превозници

од Nikola Popovski
176 прегледи

СДСМ обвинува дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е главен виновник за блокадите на приватните превозници.

– Мицкоски е тој кој што ги поттикнува блокадите. Откако меѓусебно се обвинуваа за рацете во медот откако се испокараа за провизии сега Мицкоски и се реваншира на Данела Арсовска. Лично Мицкоски најавуваше 100 автобуси за Град Скопје во име на Арсовска. Денес ги нема ниту автобусите, ниту фабриката што Мицкоски ја најавуваше, порачаа од владеачката партија.

Од „Бихаќка“ потенцираат дека „штетата од сето ова ја плаќаат граѓаните кои утрово се разбудија во блокиран град и без јавен превоз“.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ приредуваат нова катастрофа на Скопје, стои во соопштението од СДСМ.

Рано утрово приватните автобуски превозници ги блокираа трите главни точки во главниот град, односно крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден околу локацијата на градското Собрание. Најавуваат дека блокадите ќе траат се до исполнување на нивните барања и исплаќање на долгот од ЈСП Скопје, кој според приватниците изнесува 1,3 милиони евра.

Слични содржини