Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски, соопшти дека денеска се сретнал со семејството на ученикот од ОУ „Даме Груев“ во Градско, кој беше изложен на континуирано врсничко насилство од страна на соученици во последните две години.
„Сите надлежни институции мора брзо и навремено да реагираат за да ги заштитат жртвите на врсничко насилство, а кон учениците да бидат преземени соодветни мерки“, сподели Пендаровски.
Станува збор за случајот во кој двајца деветтодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, во два наврати, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование. Првпат тоа се случило на четврти а вторпат на 11 ноември, кога ученикот се вратил дома освен со искинат долен веш и со гребнатини на телото.
По откривање на случајот, директорката на Основното општинско училиште е разрешена.