Со државничките одлуки земјава секогаш одела напред, одговорност и чувство за државност се одлика на СДСМ, на македонските социјалдемократи, порача вечерва од Ранковце, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
-Во сите клучни и историски моменти за нашата држава, како вистински борци, како вистински следбеници и почитувачи на делата и жртвите дадени за слобода, социјалдемократите секогаш покажале одговорност, државничка свест и правеле исчекор кој ја носел државата напред. Така е и овојпат, заеднички, единствени, продолжуваме кон остварување на уште една стратешката цел која им ја должиме на идните генерации, членство во ЕУ, рече Зечевиќ
На работен состанок со членови и симпатизери на партијата Зечевиќ го потенцираше значењето на вистинските државнички политики и повика на заедничко продолжување по вистинскиот пат за иднината на земјата.
-Секој социјалдемократ е заслужен што денес сигурно чекориме на патот кон ЕУ. Заслугата што нашата земја денес е сѐ поблиску до остварување на долгогодишната заложба за европска иднина, е ваша. Вие секогаш сте знаеле која е вистинската страна и сте ја поддржале. Да продолжиме заедно да го доодиме патот и како свои на своето, со заштитен македонски идентитет, посебност и јазик да се интегрираме во големото европското семејство, каде и што припаѓаме. Тоа е сонот на нашите претци, за тоа своите животи ги дале многу македонски ќерки и синови, а тоа им го должиме и на нашите деца, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.