Пендаровски во работна посета на Белгија

од Nikola Popovski
279 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска – 7 декември 2022 година, среда, ќе престојува во работна посета на Кралството Белгија.

Претседателот Пендаровски, во Монс, на церемонија со воени почести ќе биде пречекан од страна на Врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генерал Кристофер Каволи, по што ќе биде остварена средба на која ќе се разговара за безбедносните предизвици на европскиот континент.

Во Брисел, претседателот Пендаровски ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во организација на аналитичкиот центар (тинк – тенк) Пријатели на Европа.

Претседателот Пендаровски ќе има обраќање за односите ЕУ – Западен Балкан низ призма на руската инвазија на Украина, статусот на земјите-кандидати за ЕУ, процесот на пристапните преговори на Северна Македонија и политиката на проширувањето на ЕУ.

Слични содржини