АлтернАтивА: Борбата против корупцијата е наша најважна битка

од Vladimir Zorba
174 прегледи

На Меѓународниот ден за борба против корупцијата, АлтернАтивА уште еднаш ја потврдува својата политичка и програмска определба дека оваа е најсериозната и најважната битка на нашата држава и нашето општество. Според сите индиции и мерења, по економската благосостојба, корупцијата се смета за најголем проблем. На граѓаните веќе им е јасно дека во држава со корупција нема шанси за економска перспектива, па затоа секогаш кога зборуваме за недостаток на работни места, ниски плати и низок животен стандард, одговорот е високата корупција.

Поради оваа причина АлтернАтивА ја крена оваа тема на највисоко ниво, предлагајќи уставен амандман за санкционирање, во Уставот на Република Северна Македонија, со цел предметите за политичката корупција никогаш да не застаруваат. За таа цел, ние досега сме оствариле неколку средби со дипломати од пријателските земји на нашата држава, кои изразиле поддршка на оваа иницијатива на АлтернАтивА, а круна на сето тоа беше информацијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје дека наскоро група американски експерти ќе дојдат во нашата држава и ќе се занимаваат токму со оваа проблематика. Тоа нè охрабри дека сме го направиле вистинскиот чекор и дека нашата политичка агенда, освен што е во интерес на граѓаните, е и во согласност со очекувањата и охрабрувањата на нашите меѓународни сојузници. Всушност, земја која што се стреми кон Европската унија не може да го изоди овој пат без да ги надмине овие пречки.

Поаѓајќи од тоа и искористувајќи го одбележувањето на Денот за борба против корупцијата, ве известуваме дека како политички гласноговорник на оваа тема, АлтернАтивА во следниве денови ќе оствари неколку средби со лидерите на политичките партии во земјава за да ја побара и нивната поддршка за овој предлог-уставен амандман, со надеж дека таа е заедничка грижа на сите политички сили кои ù посакуваат добра перспектива на оваа држава.

Слични содржини