Голем број луѓе чекаа на ред пред клиниките за инфективни болести во кинеските болници рано наутро во понеделник за да бидат тестирани на ковид.
Тоа претставува нов знак за експлозивно ширење на симптомите откако властите почнаа да ги укинуваат строгите мерки против вирусот.
По три години од пандемијата, Кина полека се движи кон усогласување со светот кој во голема мера се прилагоди на животот со корона, правејќи голема промена на политиката минатата среда по големите протести.
Кина се откажа од тестирањето пред многу активности, ги ограничи карантините и се подготвува во понеделник да ја деактивира мобилната апликација што се користи за следење на историјата на патувања на нејзините 1,4 милијарди луѓе.
„Патничката картичка“ беше централен дел од политиката на Кина за нулта ковид, при што милиони луѓе мораа да ги внесат своите телефонски броеви за да „добијат“ дозвола да патуваат меѓу провинциите или да присуствуваат на јавни настани, според британски „Гардијан“.