Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека утринава во 08:30 часот преку единстевниот број за повикување за итни повици 112 добиена е дојава дека лице скокнало во коритото на реката Вардар од Камениот Мост во центарот на Скопје.
Како што велат од ЦУК, веднаш оствариле комуникација и кординација со МВР и БППЗ на Град Скопје кои исто времено реагирале со оглед на фактот дека телото на лицето беше визуелизирано и во моментот на интервенцијата на вадење од речното корито на реката Вардар, се наоѓало во пределот на локацијата спротивно од Министерството за надворешни работи.
-Во 09:00 часот од страна на екипите на БППЗ на Град Скопје лицето е извлечено од реката вардар и истото е предадено на Брзата Помош и истото е пренесено во Клинички Центар, посочуваат од ЦУК.