МВР: Нема промена на командирот на ГП Ќафасан, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги

од Nikola Popovski
184 прегледи

Демантираме дека за командир на граничен премин Ќафасан пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи (МВР) по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од полицијата додаваат дека станува збор за класична лага.

-Нема никаква промена на командирот на ГП Ќафасан! Напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е Ј.Б., професионалец со одлични резултати во работењето. Апелираме да ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги лаже граѓаните, потенцираат од МВР.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски денеска обелодени дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за командир на граничниот премин Ќафасан поставил лице со отслужена затворска казна за криумчарење.

П-ред само три месеци, на граничниот премин Ќафасан за Командир на граничен премин е поставено лицето Б.А. Ова лице веќе било на истата работна позиција пред десетина години во ек на големата полициска акција за криумчарење на добиток од Македонија во Албанија. Се работи за аферата “Милка” во која беа опфатени 31 лице, кои биле дел од организиран синџир за криумчарење на добиток. За оваа афера своевремено пишуваа и медиумите. Во рамки на осудените имало и полициски службеници, кои примале поткуп за да ја договорат патеката за криумчарење и кои за тоа наплатувале по 3 и пол евра од килограм добиток, стои во прочитаното соопштение од Коцевски.