Маричиќ: Немаме подобар пат од европскиот, обединети во вредностите и реформите заедно до целта: членство во ЕУ до 2030

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ го честита добивањето кандидатски статус на Босна и Херцеговина и апликацијата на Косово за членство во ЕУ, и вели дека регионот сигурно чекори кон Европската Унија и дека иднината на Западен Балкан станува извесна.

Маричиќ смета дека ова е историски момент кој не смееме да го пропуштиме и потврдува за посветеноста на ЕУ на Западен Балкан.

-Сега е време за брза трансформација на општествата, европски вредности и стандарди во пракса за добробит и нови можности за нашите граѓани, пишува на својот фејсбук-профил Маричиќ.

„Станува извесна европската перспектива на Западен Балкан. Регионот сигурно чекори кон Европската Унија, после добивањето кандидатски статус на Босна и Херцеговина и апликацијата на Косово членство во ЕУ. ЕУ ја потврдува посветеноста на Западен Балкан и ги отвора вратите за регионот. Историски момент кој не смееме да го пропуштиме. Сега е време за брза трансформација на општествата, европски вредности и стандарди во пракса за добробит и нови можности за нашите граѓани. Честитки за граѓаните на Босна и Херцеговина и брзо исполнување на клучните приоритети за почетокот на преговорите до ЕУ. Немаме подобар пат од европскиот, обединети во вредностите и реформите заедно до целта: членство во ЕУ до 2030“, стои во објавата на Маричиќ.

Слични содржини