Астролозите наведуваат дека се издвојуваат 4 хороскопски знаци со кои е многу тешко да се биде во љубовна врска.
Има луѓе кои се многу внимателни кога се во прашање емоциите. Тешки се, затворени и не се опуштаат лесно, па врската со нив е секогаш полна со предизвици. Можеби се опуштаат со текот на времето, но нивниот карактер не се менува премногу и во тие случаи. Во астрологијата, овие четири знаци се сметаат за најтешки за зближување.
Девица
Девиците е најтешко да се сакаат. Ова се должи на нивната независна природа и неможноста да се отворат кон луѓето. На врските им пристапуваат аналитички, а не романтично, што ги прави далечни и тешки да се живее со нив. Тие се потпираат на себе и се убедени дека никој не им треба. Доколку со текот на времето успеат да стекнат доверба во партнерот, ќе се отворат кон љубовта.
Скорпија
Скорпиите се затворени и невозможни за читање, што го отежнува разбирањето што сакаат од врската. Партнерот можеби ќе се потруди да ги задоволи, но ќе почувствуваат дека не можат да ја задоволат темната Скорпија. Тие се нестабилни во своите емоции, што доведува до тоа да бидат страсни еден момент, а студени како мраз во следниот.
Водолија
Водолиите се воздржани и резервирани и невозможно е да ги принудите да се отворат. Не сакаат да покажуваат слабости и свесни се дека љубовта може да ги стави во ранлива положба. Затворени се и не сакаат да покажуваат емоции, па тешко им е да пуштат некого во срцето. Ним им треба личност на која ќе можат неизмерно да ѝ веруваат пред да ѝ се препуштат.
Јарец
За Јарците нивната практична природа е главната пречка во пронаоѓањето на љубовта. На секоја врска ѝ пристапуваат како на деловна трансакција, која не остава многу простор за љубов. Тешко е да ги натерате да си ги отворат срцата, поради тоа партнерот секогаш ќе се прашува дали Јарецот има чувства кон него или влегол во врска затоа што одлучил дека тоа е практичен и исплатлив потег.