176
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека денеска имало дојава за бомба во еден од клоновите на детската градинка “11 Октомври” поточно во централниот клон во Скопје Север.
-Целосно и брзо е спроведен протоколот за евакуација и сите дечиња се на безбедно во придружба на нивните воспитувачки и негувателки. Истовремено известени се и родителите. Веднаш по пристигнатата информација разговарав со надлежните од МВР и преземени се сите безбедносни мерки, објави Костовски.
Тој апелира до граѓаните за смиреност и почитување на сите безбедности протоколи и нагласува дека Општината е во постојана комуникација со сите засегнати страни и надлежни институции.
Се уште се вршат проверките од страна на МВР и антитерористичките единици.