149
Повеќе од 70 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија треба да стане дел од Европската Унија, покажува истражувањето на јавното мислење од Меѓународниот републикански институт.
На прашањето дали поддржувате државата да стане дел од ЕУ, позитивно одговориле 73 отсто .
На прашањето пак, „Ако државата треба да влезе во некој меѓународен сојуз“ само 13 проценти кажале дека тоа треба да биде Евроазиската унија, предводена од Русија.
Анкетата за потребите на ИРИ е спроведена од агенцијата Брима во период од 23 септември до 13 октомври на национален примерок од 1.207 испитаници.