Нови закани за бомби во Скопје

од Nikola Popovski
192 прегледи

Повторно закани за поставени експлозивни направи. Во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена дојава за поставени бомби.

„Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа“, соопшти полицијата.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Ваквите закани станаа речиси секојдневие во последните три месеци, и од тоа 26-ти октомври кога беше пријавена првата ваква дојава за експлозивна направа.

На мета покрај училиштата, во последниот период беа и институции како МНР и Народната банка, но и објекти како ФФМ, арената „Тоше Проески“, трговските центри, „Ист Гејт Мол“, „Бисер“, ГТЦ, полициската станица Центар…

Сите досегашни дојави се покажаа како лажни.

Како одговор на континуираните лажни дојави за бомби во земјава, Владата пред два дена информира дека е формиран оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани со кој ќе раководи Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Слични содржини