143
Белгиски судија одлучи денеска да ја задржи европратеничката Ева Каили во притвор уште еден месец додека трае истрагата за наводите за корупција поврзани со Катар, соопштија белгиските обвинители.
Каили, на која ѝ беше одземена функцијата потпретседател на Европскиот парламент на почетокот на овој месец поради случајот, може да поднесе жалба на одлуката во рок од 24 часа, објави „Ројтерс“.
Таа ги негираше обвиненијата и преку својот адвокат изјави дека е невина.