Брнабиќ: Курти со правење списоци за апсење на Срби покажа дека не е разумен

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Не би сакала ни да помислам дека косовската полиција ги отстранува барикадите и ги доведува во прашање животите на луѓето, како што најави Албин Курти, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата на Србија, додавајќи дека таа смета дека има многу разум меѓу меѓународните актери.

Таа истакна дека пред се мисли на КФОР и дека Србија има добра соработка со нив.

Како што објасни таа, го цени фактот што КФОР го разгледува барањето на Србија да испрати дел од својата полиција на територијата на Косово и што тоа барање веднаш не го одби.

За разлика од нив, како што оцени Брнабиќ, косовскиот премиер Курти „нема разум“, штом прави списоци на кои се наоѓаат членовите на семејството на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според неа, на списокот не е само неговиот помал син, „веројатно затоа што има само пет години“.

На прашањето за француско-германскиот план за Косово, Брнабиќ рече дека српската страна се уште чека на имплементација на првиот договор за нормализација на односите со Косово – Бриселскиот договор, кој беше потпишан уште во 2013 година.

Таа рече дека секогаш ја прашува меѓународната заедница и странските партнери кој ќе го гарантира вториот договор, доколку првиот сè уште не е спроведен.

Слични содржини