Сенегалец сака да засади пет милиони дрвја во следните пет години

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Еден Сенегалец од југот на таа земја си поставил амбициозна задача – да засади пет милиони дрвја во следните пет години.

Овој визионерски проект му паднал на памет на Адам Дијема кога се вратил во родниот регион во 2020 година, по неколку години работа во Европа, јавува Би-Би-Си.

Четириесет и осумгодишниот Дијема бил шокиран што во селата, каде што кога бил млад имало стотици џиновски дрвја, сега останале само неколку.

„Во некои села не можете да најдете никакво дрво. Ги исекоа, а не размислуваа да засадат нови дрвја“, изјави тој за Би-Би-Си.

Низ Африка, ширењето на пустините е една од причините за уништувањето на шумите, но во родниот регион на Дијема, главниот проблем е прекумерната сеча за градежни материјали за изградба на куќи или за производство на јаглен.

Сепак, Дијема, кој моментално работи како проект менаџер за шпанска невладина организација во неговиот роден регион, е решен да го промени тоа.

Без многу пари во резерва, тој почна да собира средства за да го оствари својот сон – и даде 5.000 долари од својот џеб за да го започне својот проект за зелениот Сенегал.

Слични содржини