Во силната зимска бура во САД загинаа повеќе од 60 луѓе, од кои повеќето во округот Ири во државата Њујорк, каде што се наоѓа вториот по големина град во државата Бафало, објави денеска Би-Би-Си.
Според информациите, во тек е идентификацијата на десетици жртви кои ги загубија животите во зимското невреме во САД.
Жртвите биле пронајдени во нивните автомобили или на студениот тротоар, па дури и во нивните домови.