160
Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до сите припадници на католичката црква и верници по повод смртта на Папата Емеритус Бенедикт XVI.
„Изразувам длабоко сочувство до сите припадници на католичката црква и верници по повод смртта на Папата Емеритус Бенедикт XVI, кој доживотно му служеше на Бога и на црквата. Вечен спомен“, напиша Пендаровски на својот профил на Фејсбук.