Коњановски најавува проекти во Битола – меѓу нив противпожарна зграда, нов парк и стационар за бездомни кучиња

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски најавува дека годинава ќе бидат реализирани 65 проекти меѓу кои нова противпожарна зграда, нов парк и стационар за бездомни кучиња.

Коњановски во видео обраќање кое е дел од кампањата „Промените на дело” на ВМРО-ДПМНЕ, посочува дека минатата година се реализирани голем број на проекти од културата, образованието, спортот и животната средина.

Тој им се заблагодарува и на граѓаните за нивните идеи и предлози кои се дел од буџетот на општината за 2023 година.

– Со буџетот и оваа година креиран заедно со вас почитувани граѓани продолжуваме да реализираме 65 нови проекти за битолчани. Да го вратиме и подржиме културното живеење, одлика на Битола. Битола ја даде довербата и таа доверба ја исполнуваме со промени на дело, истакнува Коњановски.

Слични содржини