Украинскиот премиер Денис Шмихал ѝ честиташе на С. Македонија за почетокот на претседавањето со ОБСЕ и наведе дека се надева на дополнителна поддршка за Украина, пренесува „Укринформ“.
North Macedonia 🇲🇰 takes over as @OSCE Chair for 2023. Congratulations to PM @DKovachevski! We count on continued cooperation with the OSCE, further coordination and support for Ukraine 🇺🇦.
— Denys Shmyhal (@Denys_Shmyhal) January 2, 2023
„Северна Македонија го презема претседавањето со ОБСЕ за 2023 година. Честитки до премиерот Димитар Ковачевски! Сметаме на континуирана соработка со ОБСЕ, понатамошна координација и поддршка за Украина“, напиша Шмихал на Твитер.
С. Македонија ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) од 1 јануари 2023 година. Министерот за надворешни работи Бујар Османи стана нов претседавач со ОБСЕ.