Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати честитка до граѓаните од православна вероисповед по повод Божиќ.
-Денот на љубовта, на раѓањето, на заедништво и простувањето поминете го со вашите најблиски во радост, здравје, мир, хармонија и добро расположение. Во Христовото раѓање да го пронајдеме најсилниот мотив и поддршка во нашите напори да сме подобри, поправедни, посолидарни и похумани и со меѓусебно почитување, разбирање и заедничка посветеност да ги направиме нашите разлики нови можности за напредок и развој на македонското општество. Овие свети денови нека бидат поттик за да се однесуваме одлучно и одговорно за доброто на сегашните и идните генерации и да продолжиме да создаваме услови за уште подобра и попросперитетна иднина за сите наши граѓани и нашата држава. Честит Божиќ, бидете здрави и живи!, наведува Маричиќ во честитката.