Додека на некои им требаат три минути за да ги извадите од такт, други можат да издржат повеќе отколку што можете да замислите.
Некои луѓе навистина е тешко да се налутат, но кога тоа ќе се случи, тогаш треба да знаете дека сте ја преминале границата.
Обично се трпеливи, имаат благ карактер, но кога ќе им „скокне притисокот“, се претвораат во суштества кои можат да ви влеат страв.
Хороскопот открива во кои знаци најчесто се родени:
3 МЕСТО – ВОДОЛИЈА
Луѓето родени во знакот на Водолија многу добро се контролираат себеси. Тие можат да поднесат многу и изгледаат како да „ставаат рецки“ кога се во прашање вашите грешки. Ако ги извадите од такт, тргнете се од патот. Не викаат и не се насилни, но со зборовите повредуваат онаму каде што најмногу боли.
2 МЕСТО – РАК
На многумина им е чудно што Ракот е на оваа листа, бидејќи луѓето родени во овој знак се мирни и чувствителни. Сепак, Ракот може да стане доста агресивен кога е лут. Најдобро е да се прикриете, инаку ќе предизвикате влошување на ситуацијата. Раковите не го контролираат својот гнев како Водолиите, па често знаат да го „истурат“ на секој човек на кој ќе налетаат.
1 МЕСТО – БИК
Бикот е воздржан, многу е тешко да се налути. Кога тоа ќе се случи, многумина се изненадени од неговиот гнев. Тоа е прилично страшно, особено што трае долго време. Кога ќе се налутат, можат да ви кажат секакви работи, толку многу што ќе мислите дека се груби. Бикот знае да „продре“ во вашата најслаба точка. Затоа, не провоцирајте ги Биковите и не продолжувајте со расправијата.