Украинскиот претседател Владимир Зеленски синоќа изјави дека украинската армија ги одбива руските напади во градот Бахмут во источниот дел на регионот Донбас и ги држи своите позиции во блискиот град Соледар, но во „многу тешки услови“.
„Бахмут се држи и покрај се. Иако поголемиот дел од градот е уништен во руските напади, нашите војници одбиваат постојани руски обиди за напредување“, рече Зеленски, пренесе „Ројтерс“.
Тој посочи дека Соледар се држи, иако таму има „уште поголеми разурнувања“, додавајќи дека ситуацијата е многу тешка, пренесува „Танјуг“.