153
Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на божиќниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан.
На божиќниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА.