Пендаровски: И најмладото дете знае што треба да направиме за да станеме членки во ЕУ

од Nikola Popovski
114 прегледи

Не се само три прашања, туку се многу повеќе. Дури и кога зборуваме за области, мислам дека се повеќе од три. Сите ние ги знаеме. Таман работа да ни треба странски амбасадор да ни кажува кои области да ги таргетираме и на кои прашања да дадеме одговор, вели шефот на државата Стево Пендаровски на прашањето како ја коментира изјавата на евроамбасадорот Дејвид Гир дека треба да решиме три клучни прашања за да размислуваме за ЕУ.

Тој истакна дека „ и најмладото дете во државата знае што треба да направиме за да станеме членки во ЕУ“.

-17 години бевме кандидати и конечно отворивме преговори. Главната обврска е на нас сега што сме на позиција и носиме одлуки. Агендата ни е јасна, обврските ни се јасни и не треба да одолговлекуваме во таа смисла, одговори Пендаровски на новинарско прашање.