Апелот на високиот Советник на Американскиот Стејт Департман, Дерек Шоле, дека Северна Македонија треба одлучно да се бори против корупцијата, е чин кој треба да се поздрави и ние притоа уште еднаш се заблагодаруваме на САД за конкретниот и сериозниот ангажман за демократизација на нашето општество и воздигнување на стандардите во борба против корупцијата, велат од партијата Алтернатива.
По овој повод партијата „има причина повеќе да се чувствува добро што оваа американска порака се совпаѓа со ставот на АлтернАтивА, која оваа тема ја има како своја програмска определба“.
-Дури, како што јавноста веќе знае, АлтернАтивА, пред извесно време, и официјално излегол со конкретен предлог, со цел борбата против корупцијата да ја крене на највисоко ниво, притоа предложувајќи уставен амандман, така што предметите на политичката корупција да не стареат никогаш.
Освен тоа, во духот на апелот на високиот американски советник на Американскиот Стејт Департман, АлтернАтивА има реализирано низа средби со дипломати од пријателски земји на нашата земја, кои оддадоа поддршка за оваа иницијатива на Алтернатива.
Како што сме истакнале од нашето излегување на сцена, АлтернАтивА ќе биде сојузник на сите европски фактори, кои работат и помагаат за спасување на нашето општество од корупцијата и корумпираните политичари, отворајќи го на тој начин патот за брза интеграција на Северна Македонија во Европската унија, велат од партијата на Африм Гаши преку соопштение.