Американскиот амбсадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер говорејќи за „црната листа“ на САД, оценува дека ниту една личност во која било земја треба да се чувствува дека има имунитет и дека може да избегне санкции.
-Без да давам назнаки за некои мерки кои ќе ги преземе мојата Влада би рекол дека ќе бидеме многу активни во обидот да ги отстраниме коруптивните актери од сцената преку санкции на властите и исто така преку соработка со локалните власти за да ги повикаме на одговорност врз основа на владеењето на правото, рече Карпентер.
Според него, корупцијата е прашање на национална безбедност.
-Не е само економско назадување на раст и на раст на БДП. Исто така е прашање на национална безбедност и ранливоста дозволува на надворешните актери, било да се поддржани од некоја земја или не, да се мешаат во суверенитет на земјите и во нејзините внатрешни работи, истакнал Карпентер.