Познатиот руски астролог Павел Глоба првпат ги објави своите предвидувања во раните 80-ти години на минатиот век.
Околу 85 отсто од неговите предвидувања се исполнети и тоа важи за астролог кој речиси никогаш не „промшува“!
Овој пат Глоба откри на кои хороскопски знаци 2023 година им носи просперитет, љубов и пари. Според неговите зборови, три знаци ќе исполнат се што планираат!
Еве за кои се работи:
БЛИЗНАЦИ
Најголемата среќа им се насмевнува на близнаците во 2023 година! Ќе имаат големи и долгорочни цели, но апсолутно се ќе постигнат лесно. Ќе постигнат се што ќе замислат и тоа многу ќе влијае на нивната финансиска состојба. Драги Близнаци, доколку долго време имате идеи и планови, оваа година е идеална за вас да ги засукате ракавите и да почнете да ги спроведувате! Искористете го периодот кога ѕвездите ви се наклонети.
РАК
Раковите ќе почувствуваат значителна промена во својот живот. Конечно, среќата е на нивна страна, а тоа ќе го докажат и резултатите кои ќе се постигнат без многу труд и вложување. Ова ќе вклучува парични добивки, напредок на работа, скапи подароци, па дури и игри на среќа. Раковите ќе бидат исполнети и на љубовен план, каде сè ќе пука од романса.
ШКОРПИЈА
Ако некој заслужува финансиски напредок, тоа дефинитивно се Шкорпиите. За разлика од Раковите, Шкорпиите ќе го добијат овој напредок со напорна работа и труд. И уште една парична добивка пристигнува кога најмалку очекувате, а во текот на 2023 година можете да очекувате унапредување или понуда за нова, многу подобро платена работа. Вечниот совет за Шкорпиите е да не брзаат со непланирани и непотребни трошоци.