Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (15.01.2023) продолжиле со контролите во областа на сообраќајот.
Според полицијата, на територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.
Исто така изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, како и три санкции за нерегистрирани возила.
МВР потенцира дека сообраќајните контроли ќе продолжат и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.