Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.
На средбата се разговараше за најновиот развој на настаните во регионот, руската инвазија врз Украина, како и за неопходноста од одржување на регионалната стабилност.
Пендаровски оствари средба и со Лиам Кондон, главен извршен директор на компанијата Џонсон Мети, при што истакна дека Обединетото Кралство претставува еден од најзначајните трговски партнери и странски инвеститори во нашата земја, и го поздрави успешното функционирање на фабриката Џонсон Мети во Северна Македонија, како добар пример за македонско-британските бизнис релации.
Во таа насока беа разменети мислења за плановите за натамошен развој на компанијата во глобални рамки, во кои може да биде вклучена и земјава, како поттик на инвестициите и билатералната економска соработка.