263
Белгискиот суд денеска ѝ го продолжи притворот на Ева Каили, поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, обвинета во случајот за корупција во ЕП познат како „Катаргејт“.
Адвокатите на Ева Каили побараа таа да биде ослободена и да носи електронска нараквица, но судот одби. Адвокатите можат да се жалат на одлуката во рок од 24 часа.
Каили беше обвинета во истрага за наводни дела криминална организација, корупција и перење пари.
„Федералното обвинителство смета дека има неколку ризици – ризик од бегство, ризик од дослух со трети лица и ризик од уништување докази“, им објасни на новинарите на крајот од сослушувањето еден од нејзините адвокати.