109
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
Од таму информираат дека на територија на град Скопје изречени се вкупно 68 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.