Бугарските здруженија ќе бараат помош од меѓународните институции после нападот во Охрид

од Nikola Popovski
173 прегледи

Бугарските здруженија и клубови во Република Северна Македонија реагираа преку писмо до претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со синоќешното претепување на секретарот на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид. Христијан Пендиков.

„Од вашето однесување и молчење е јасно дека се согласувате со секојдневните напади, навреди, инсинуации, медиумско малтретирање и институционални сопки… и на крај – физички напади врз лица припадници на заедницата на македонските Бугари. Наша оценка е дека ваквата атмосфера на несигурност ви одговара поради вашата неспособност, па во отсуство на позитивни резултати од вашите должности, прибегнувате кон старите и познати мерки од минатото засновани на „резултатите“ – мораме да ја браниме нашата страна! Еден од овие „резултати“ видовме вчера во Охрид“, стои во писмото на здруженијата на Бугарите

Претставниците на бугарските здруженија наведуваат и дека ќе бараат помош и поддршка од меѓународните организации „чиј фокус се човековите права и слободи“.

Охридската полиција утринава соопшти дека има пријава за нападнат 21-годишен охриѓанец во угостителски објект на кеј „Македонија“. Според пријавата, тој синоќа бил нападнат од тројца негови сограѓани, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.

Клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен во октомври минатата година и до овој момент имаше неколку инциденти поврзани со него.

Слични содржини