Се огласи PETA за фустанот на Кајли Џенер: Нивниот став ја остави јавноста во шок

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Инфлуенсерката Кајли Џенер неодамна присуствуваше на модната недела во Париз, каде нејзиниот црн аутфит, поточно деталот на рамото од фустанот го привлече вниманието на јавноста.

Кајли Џенер на црвениот тепих се појави во црн фустан на кој беше закачена лавовска глава, а откако беше критикувана поради фустанот, се огласи и една позната организација за заштита на животните.

Кајли Џенер поради лавовската глава закачена за нејзиниот црн фустан предизвика многу позитивни коментари од PETA, најпознатата светска организација за заштита на животните.

„Изгледот на Кајли ја слави убавината на лавовите и може да биде изјава против ловот на трофеи, во кој семејствата на лавови се одвоени за да ја задоволат човечката себичност“, коментира за TMZ Ингрид Њукирк, претседател на PETA.

Ингрид додаде дека ваквите животински глави само покажуваат дека таму каде што има волја, има и начин (што и да значи тоа).

Слични содржини