Претседателот на ДУИ, Али Ахмети придружуван од своите соработници и вечерва присуствуваше во срцето на Шара на средба со граѓаните од Тетово, поточно со жителите на селата Расадиште, Гајре, Лисец, Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце. Покрај претседателот Ахмети говори пред присутните имаа и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, министерот за надворешни работи Бујар Османи, пратеничката Фиснике Бектеши Шаќири и директорите Ејуп Рустеми и Беким Максути.
„Ова не е изборна кампања, туку традиционални средби на ДУИ за да контактира со вас граѓаните и да ги слушне вашите мислења и оценки, што сме направиле и што можеме уште подобро да направиме! Денеска не знам зошто не ја одржавме оваа средба во спортската сала, бидејќи сега ја имате спортската сала. Не сме малку, многу сме, затоа ни требаше салата вечерва! Пред мене зборуваа функционери на ДУИ. Слушнав дека се направени многу добри дела, но на доброто му нема крај. Посакувам Коридорот 8 да започне што поскоро бидејќи тоа е капитална работа, по јазикот, знамето и универзитетите. Шар Планина ја прогласивме за Национален парк бидејќи нашето природно богатство можеме да го искористиме како туристичка точка. Зборувавме за државни симболи и универзитети, но сега е време да се бара квалитет, да се рангираме на повисоки позиции по квалитет“, изјави Ахмети.
„Ковид пандемијата не отсече од нашите традиционални средби и комуникација бидејќи такви беа околностите. Потоа се случи руско-украинската војна која сè уште е жешка зона. Се сретнав со делегација од Украина и им кажав дека оваа војна ќе ја добијат, но да бидат силни и да не се откажуваат. Сега како мисија ја имаме Европската Унија бидејќи само така ќе го подигнеме животниот стандард, ќе обезбедиме повисоки плати за нашите граѓани, постабилен живот и европски стандарди. Тоа е единствениот начин да се запре миграцијата. Има скептици, како и секогаш, за членство во НАТО, за министрите, директорите и за претседателот на парламентот кои се Албанци, но тоа се задачи кои се успешно извршени. Со овие достигнувања докажавме дека и оваа земја е наша и подготвивме тимови во кои инвестиравме. Јас сум меѓу иницијаторите на распадот на поранешна Југославија, така што овој политички плурализам не прави свесни колку сме постигнале низ годините. Секогаш сум за реформи, но секогаш со принципот дека Албанците треба да бидат господари во сопствената држава и достоинствено претставени. Нашите кадри работеа напорно кон победи, со платформи кои се реални. Јас секогаш ќе ги поддржувам младите бидејќи тие имаат квалитет. Тие се образована генерација што ја бараат и странците. Нашите министри се најуспешните кои ја менаџираа актуелната криза особено енергетската, но посакувам да има епилог од руско-украинската, косовско-српската војна, бидејќи не можете да живеете во вековно непријателство“, додаде тој.