Витаминот Б е еден од клучните витамини за децата, а првенствено влијае на производството на црвените крвни зрнца и на здравјето на нервниот систем.
Како и кај возрасните, кај децата е можно да се препознае кога има недостаток од овој многу важен витамин, пишува „Science Daily“.
Истражувањата покажаа дека недостатокот на витамин Б кај доенчињата и малите деца доведува до послаб моторичен развој и анемија.
За разлика од повеќето други витамини и минерали, витамините Б не се толку изобилни во овошјето и зеленчукот.
Наместо тоа, тие најчесто се наоѓаат во месото, јајцата, житариците и млечните производи, а бидејќи овие производи се широко достапни и децата често ги јадат, дефицитот на витамин Б не е толку чест.
Педијатрите објаснуваат дека недостатокот на витамини од групата Б може да се открие на неколку различни начини, имено:
– замор
– мускулна слабост
– болки во стомакот
– дијареа
– губење на апетит
– нагло губење на тежината
Исто така, детето често знае да биде особено раздразливо, видливи се промени во расположението, а често се јавува и депресија.
Причината за недостаток на витамин Б обично е недоволното внесување на хранливи материи, односно неправилната исхрана.
Кај доенчињата, недостатокот на витамин Б може да биде и наследен, односно мајката може да го пренесе на детето во текот на бременоста, поради што е многу важно редовно да се вади крв и да се земаат пренатални суплементи.