Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“ зборуваше за буџетот на општина Кисела Вода каде истакна дека е тој е развоен и дека и покрај сите предизвици со кои се соочувале е во добра финансиска кондиција.
-Ние имаме развоен буџет кој што морам да потенцирам дека за прв пат е толку голем, од друга страна пак имаме добра финансиска кондиција и покрај сите предизвици со кои што се соочивме минатава година и сеуште се соочуваме како енергетската, економската криза и така натаму. Сметам дека сме на прав пат од една руинирана општина, знаете Кисела вода важеше долги години за општина во која практично ништо не беше инвестирано. На добар пат сме да ја издигнеме на едно повисоко ниво, ниво какво што заслужуваат моите сограѓани односно секој да добие хумани услови за живот какви што доликуваат во 21 век, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој во текот на своето гостување посочи дека ја наследил општината со долг од 3 милиони, но благодарение на тимот кој соработува со него и домаќинското работење е во финална фаза на расчистување на сите долгови.
-Јас како градоначалник општината ја наследив со некаде над 3 милиони долг. Морам да истакнам дека сме во финална фаза на подготовки на расчистување на сите долгови што говори за домаќинското работење наше, мое и на мојот тим изминатиот период. Од друга страна бевте сведоци минатата година и по планот, по предлогот на буџетот за оваа година можете да видите дека никогаш како досега и се градеше во Кисела Вода, но и оваа година ќе се гради преку развојните програми кои што ги донесовме. Јас морам да истакнам дека тоа го правиме заедно со советниците, затоа што без нивната поддршка градоначалникот не може целосно да функционира и да ги реализира своите проекти, кажа тој.
Ѓорѓиевски исто така потсети дека тој како градоначалник нема трошоци и заштедата од нив се вложиле како интервенција во градинка во Кисела Вода.
-Кога сме кај домаќинското работење јас минатата година јас минатата година имам 0 трошоци за репрезентација, денеска во студиото дојдов со своето приватно возило, значи сето она кое го имам ветено пред моите сограѓани пред година дена, тоа не се некои енормни трошоци, зборам репрезентацијата, горивото, возилото и така натаму, кабинетските трошоци кои во минатото биле илјадници евра, не се према буџетот многу сериозна ставка. Еве ќе споменам сега имавме една интервенција во една од градинките во Кисела Вода, интервенцијата во градинките односно постелнината, нови прозорци и реконструкцијата на кујната беше сработена со парите кои беа заштеда од она што во минатото се трошело како репрезентација, додаде тој.