АА утре ќе го формира тимот за преговори за влез во Владата

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Алијансата за Албанците утре ќе го одржи состанокот на Претседателството на партијата, на која се очекува да биде формиран тимот кој ќе ги води преговорите за влез во Владата, повтрдија за МИА од партијата.

– Во централните канцеларии на партијата во Тетово, утре ќе се одржи следната средба каде што меѓу другото ќе дискутира за политичките случувања. На оваа средба на дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим. По завршувањето на состанокот, за одлуките јавноста ќе биде информирана преку соопштение за медиумите, информираат од Алијансата за Албанците.

Во Владата вчера имало средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и на Алтернатива Африм Гаши.

Како што посочуваат од партијата, Ковачевски и Ахмети му образложиле на Гаши дека потребата за влез на Алијанса за Албанците во Владата е за пофункционално Собрание, односно мнозинството да не „кубури за кворум” и што во таа насока можат да направат трите владини партнери. На средбата од Гаши не било побарано Алтернатива да отстапи конкретно министерство, но со формулацијата „што може да направиме за влез на Алијанса во Владата” јасно е дека трите партии треба да отстапат по еден ресор, велат оттаму.

Слични содржини